Исчистениот дел е продолжение на делот опфатен со претходните активности. Работите се дел од заложбите за подобрување на животната средина и ревитализација на езерото „Младост“. Во објавата се наведува дека тие ќе ја подобрат пропусната способност на реката и ќе го намалат наносот што завршува во езерото.
Средствата ги обезбедиле Општина Велес и Министерството за локална самоуправа преку Бирото за регионален развој. Проектот се реализирал преку Центарот за развој на Вардарскиот плански регион.
Колев го опишува езерото „Младост“ како срцето на Велес и оценува дека само со посветена и координирана работа може да му се врати сјајот.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.