Во соопштениот преглед се наведува дека мажи биле лишени од слобода и во Злетово, Гостивар и на подрачјето на Чаир во Скопје, по пријави за насилство. Не се наведени повеќе детали за случајот во Велес.
Меѓу другите пријавени случаи, жена во Прилеп пријавила дека подолг период била следена и вознемирувана од поранешниот партнер. Во Струмица, 65-годишен маж пријавил агресивно однесување од својот 33-годишен син, кој бил спроведен во медицинска установа за лекување. Во Охрид, жена пријавила телефонски навреди и закани од сопругот.
Во струмичко село бил лишен од слобода 38-годишен маж по пријава дека физички ја нападнал сопругата, а потоа неа и нивните малолетни деца ги истерал од домот. Во Ѓорче Петров во Скопје, 19-годишник пријавил напад, закани и оштетување на влезната врата и неговото возило од поранешната 17-годишна партнерка. Во Центар, 19-годишна жена пријавила дека татко ѝ упатувал закани кон неа и мајка ѝ.
Сите наводи се пријави, а не утврдени факти. По пријавените случаи се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање, по што ќе следуваат соодветни поднесоци. Жртва на семејно насилство или лице со сознанија дека друг е изложен на насилство може да пријави во најблиската полициска станица или на 112 и 192.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.