Средбата беше посветена на темата „Лавиринтот на емоциите – Самосознавање и прифаќање“. Во фокусот беа разбирањето на сопствените чувства, емоционалната интелигенција и влијанието на емоциите врз однесувањето и меѓучовечките односи.
Темата од различни психолошки перспективи ја разгледуваа проф. д-р Ѓорѓина Ќимова, доц. д-р Милена Спасовска, м-р Илинка Васкова, специјализант на медицинска психологија, и арт-терапевтката Цветанка Бурзевска.
„Денови на психологија 2026“ ги организира Факултетот за психологија при Меѓународниот славјански универзитет. Годинешното издание опфаќа пет градови под заедничката тема „Светот во нас“. Следната средба ќе се одржи на 25 ноември во Штип, на тема „Архитектура на умот – Карта на внатрешниот пејзаж“.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.