Наградувањето се одржа на манифестацијата „Амбасадори на знаењето – Велес 2026“. Бројот на наградени ученици и ментори повторно бележи раст.
Меѓу наградените беа ученици од ССОУ „Димитрија Чуповски“ кои во претходната учебна година освоиле награди на државен натпревар. Заедно со нивните ментори, покрај признанијата, добија и финансиска поддршка за постигнатиот успех.
Признанија за натпреварувачките успеси добија и ученици од ООУ „Блаже Конески“ во Велес.
Даниел Јаневски го оцени тоа како потврда за талентот и амбицијата на велешките млади и за посветеноста на менторите што ги поддржуваат. Нивните успеси ги посочи како мотив за идните генерации.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.