Сара Јовчевска, Кристина Костовска и Матеја Матева преку интерактивни содржини им објаснија на учениците какви видови отпад има и како правилно се одлагаат. Ги поттикнаа да размислат и за сопствените навики: што може секој од нив да направи за околината да биде почиста.
Велешкиот Црвен крст ја организираше едукацијата како дел од програмата „Зелен волонтеризам“. Целта е децата од мали да развиваат еколошка свест и грижата за природата да им стане секојдневна навика.
Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.