Со „За татковината“ Коцевски ја заокружува трилогијата „Наследство“, која започнува со „Прозорецот“ и продолжува со „Кошмари“.
За книгата и творештвото на Коцевски разговараа авторот и промоторот Анде Д. Јанков. Јанков ги издвои спојот на хорор и паранормални елементи, психолошкиот трилер и еколошките пораки. Тој оцени дека делото ја збогатува домашната книжевност.
Настанот го организираше библиотеката со цел да ги поддржи домашните автори, да ја промовира книгата и да го развива културниот живот во градот.
Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.