Завршени се подготвителните зафати, поставувањето на тампонскиот слој и поставувањето на рабниците.
Паралелно со реконструкцијата, ЈКП „Дервен“ замени дел од старата водоводна и канализациона мрежа.
Со реконструкцијата треба да се подобрат условите за движење кон Којник, Мегдан, Теќе и другите горни велешки маала. Средствата за работите се обезбедени во соработка со Владата и Министерството за транспорт.
Општина Велес ги повика граѓаните да го почитуваат времениот сообраќаен режим.
Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.