Фотографија од настанот · Димитрија Чуповски — Велес
Презентацијата ја одржаа Баже Заковски и Кристијан Апостолов, ученици од четврта година.
Професорите добија сини ленти и информативни пораки по повод Мовембер.
Баже Заковски и Кристијан Апостолов, ученици од четврта година во ССОУ „Димитрија Чуповски“ во Велес, одржаа презентација за машкото здравје. По повод Мовембер, месецот на машкото здравје, тие им зборуваа на соучениците за превенцијата, редовните прегледи и емоционалната поддршка.
Во делот за физичкото здравје, презентацијата ги опфати здравјето на срцето и на простатата, а посебен дел беше посветен на менталното здравје. Учениците ја објаснија и симболиката на мустаќите и лентите по кои се препознава Мовембер. За оваа пригода беа изработени сини ленти и информативни пораки, кои професорите ги добија во знак на поддршка за машкото здравје.
Активноста ја организираше Средношколската заедница со координација на професорката Александра Николовска. Ја водеа Теодора Ботарева и Виктор Зафиров, лекари кои предаваат стручни предмети во училиштето.
Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.