За претходната состојба на езерото, која ја оцени како катастрофална, Здравковски ги обвини надлежните државни органи за негрижа во изминатите десетина години. Според пратеникот, на долго запоставениот екосистем му треба време да се обнови, а врз неговата состојба влијаат и климатските промени.
Целта на обновата е Младост повторно да стане транзитно-туристички центар. Во обновата помагаат Општина Велес, АД „Водостопанство“, ЈПВ „Лисиче“, како и други правни лица и поединци, на кои Здравковски им се заблагодари.
Здравковски го критикуваше и поднесувањето амандмани за веќе започнати проекти. Рече дека таквите амандмани не поминуваат и дека е срамота воопшто да се поднесуваат.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.