Здравствените работници често се меѓу првите луѓе со кои жртвите на насилство доаѓаат во контакт. Од болницата посочуваат дека е важно навреме да ги препознаат знаците и да им понудат разбирање и поддршка на жртвите. Дел од обуката беше посветен на тоа како да се препознае траумата и како да се згрижат жртвите на сексуално насилство.
Учесниците разговараа и за различните облици на насилство врз жените и девојчињата и за последиците што ги остава насилството. Обуката ги опфати и родовата еднаквост и законската рамка.
Со здравствените работници своето искуство го споделија проф. д-р Катарина Ставриќ од Катедрата за семејна медицина и Нермина Факовиќ и Џемиле Алиљи од Министерството за здравство.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.